Турската полиција приведе 147 лица осомничени за поврзаност со терористичката група Исламска држава (ИД), изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот профил на „Х“.
„Во рамките на операцијата против ИД, приведени се 147 лица под сомнение за поврзаност со терористичката организација“, напиша Јерликаја.
Според него, операцијата била спроведена истовремено во 30 провинции на Турција. Запленети биле значителна количина документи на ИД и уреди за складирање информации.
Јерликаја, исто така, рече дека во периодот од 1 април 2023 година до 25 март 2024 година биле извршени вкупно 1.329 операции против ИД, при што биле приведени 2.919 лица под сомнение за поврзаност со терористичката организација, од кои 692 се уапсени по судски налог.