Турција уапси 50 членови на ИСИС

од Milan1
15 прегледи

Турската полиција денеска уапси повеќе од 50 луѓе под сомнение дека се членови на терористичката организација „Исламска држава“ (ИД) за време на операцијата, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Операции за апсење се спроведени во вкупно 18 провинции, меѓу кои и Афјонкарахисар, Ајдин, Маниса, Бурса и Истанбул, напиша министерот на „Икс“, според „Armenia News“.

Во операциите „ГУРЗ-27“ против терористичките организации ПКК/КЦК-ПИД/ИПГ во 30 провинции уапсени се 231 осомничен член на терористички организации… Одлучно ќе продолжиме со нашата борба, додека не се неутрализира и последниот терорист, напиша Јерликаја.

Тој изјави дека обвинителството покренало истрага против осомничените.

Слични содржини