Јапонски турист, на околу 70 години, починал во Рим откако паднал кај Пантеонот, објавија италијанските медиуми. Како што пренесуваат, туристот не бил на самиот објект, туку на периферниот дел — кај оградениот археолошки простор што го опкружува Пантеонот.
Тоа место има камен ѕид висок неколку метри, кој дели рамна површина (каде минуваат туристите) од понизок археолошки дел, нешто како ров.
Според информациите, најверојатно туристот се потпрел или се наведнал над ѕидот, изгубил рамнотежа и паднал во тој понизок простор, длабок околу 7 метри.
Полицијата и локалните власти биле на местото на настанот, а пожарникарите морале насилно да ја отворат влезната порта пред Пантеонот за да стигнат до телото.
Причината за несреќата сè уште не е утврдена.