Туристите во Анталија можеле да пливаат на плажа и да се гаѓаат со грутки снег во ист ден

од Milan1
203 прегледи

Планината Тахтали во внатрешноста на Анталија во Турција, висока 2.365 метри, побеле за празникот Први мај.

Обилните снежни врнежи на планината Тахтали во округот Кемер ги изненадија туристите кои истиот ден можеа да пливаат на една од плажите долж брегот на Анталија и да се гаѓаат со грутки на врвот на планината, објави Хаберлер.

Хајдар Џулфа, заменик-генерален директор на компанијата „Олимпос Телеферик“, која организира тури со жичарница до планината Тахтали, изјави дека нивните гости се воодушевени од можноста да ги доживеат шармовите и на летото и на зимата во еден ден, пренесува „Танјуг“.