Турската амбасадорка во Софија денеска ќе биде повикана на разговор во Министерството за надворешни работи на Бугарија, откако синоќа бугарски граничен полицаец беше убиен на границата со Турција.
Тој бил застрелан во заедничка полициско-воена патрола на границата меѓу Бугарија и Турција, во атарот на селото Голем Дервент. Несреќата се случила синоќа околу 20:35 часот, при што граничниот полицаец починал на лице место, а војникот се повлекол и не е повреден.
На местото на несреќата беше министерот за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев, кој прецизираше дека застреланиот граничен полицаец вперил батериска ламба кон пукнатина во оградата за да погледне, а потоа, со истрел од турска територија, бил погоден во главата.