Турската авијација ги ракетираше курдските позиции

од Milan1

Турски воени авиони ги ракетираат позициите на курдската милиција, вклучувајќи кампови за обука, засолништа и складишта за муниција во Ирак и северна Сирија, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Како што се наведува, сите авиони кои учествувале во овој напад на областите Дерик, Синчар и Карачак, по завршувањето на задачата се вратиле во своите бази.

„Ројтерс“ јавува дека нема податоци за жртви и материјална штета предизвикана во овие напади на турските воздухопловни сили.

„На мета се засолништа на терористи, пештери, тунели, складишта за муниција и таканаречени штабови и кампови за обука“, се наведува во соопштението на турското Министерство за одбрана, но не прецизира кога се случил нападот.

Во соопштението се вели дека цел на воздушната операција биле единиците на Курдската работничка партија (ПКК), која има бази во Ирак, како и на сириската курдска милиција ИПГ, која Турција ја смета за терористичка организација.

Турските воздухопловни сили извршија слични воздушни напади во минатото, а ПКК започна вооружена борба против турската држава во 1984 година. Оттогаш, повеќе од 40.000 луѓе загинаа во судирите, кои во минатото главно беа фокусирани на југоисточна Турција.

Слични содржини