Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник

од Milan1
14 прегледи

Во Истанбул вчера се приведени 97 студенти кои протестираа поради конференцијата на исламскиот проповедник Нуредин Јилдиз во кампусот на Универзитетот Богазичи.

Студентите протестираа поради учеството на проповедникот Јилдиз, кој има контроверзни ставови за раните бракови. Конференцијата била во организација на Студентскиот клуб на Универзитетот.

Вкупно 97 студенти се приведени откако се обиделе да ја преминат полициската блокада на кампусот, при што се повредени 13 полицајци откако паднале во градежна дупка за време на судирите.

Изминатите години турските студенти и универзитетскиот кадар често протестираат, како што тврдат, поради мешањето на Владата во академскиот живот.

Турските студенти изминатите месеци протестираа и поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се смета за главен политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Слични содржини