Турската традиција гатање на кафе, популарна како Тиндер

од Сенада Ибраимова
217 прегледи

Секој ден, милиони луѓе конзумираат одредена доза на кофеин за да „се разбудат“, да им се зголеми концентрацијата на работа ,или да го зголемат нивото на енергија.

Иако пошироко се верува дека зрната кафе за прв пат се одгледувале во висорамнините на Етиопија, најраниот метод на варење кафе бил популаризиран од Отоманската империја.

Зрната кафе, донесени во палатата на султанот Сулејман Величествениот во Истанбул, тогашниот Константинопол, од страна на гувернер во Јемен во 16 век, биле мелени, печени и измешани со вода. Оваа смеса со шеќер се варела во врел песок во бакарен сад, наречен џезве.

Првото кафеџилница во историјата била отворена во Истанбул во 1554 година, а до првата половина на 17 век, околу 600 од нив никнале низ целиот град.

Тогаш се роди културата на пиење кафе како што го знаеме денес.

Но, тоа не беше кафето што го продава Старбакс, вели Гизем Салчигил Вајт, чија компанија Turkish Coffee Lady промовира уникатни турски обичаи и воведува култура на пиење кафе во Соединетите Американски Држави повеќе од една деценија.

„Турското кафе не е врста за носење. Се ужива во секој момент при пиење. Тоа го симболизира гостопримството и ги зближува луѓето“, потенцира таа.

Во 2013 година, традиционалното турско кафе беше впишано на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

Во Турција шолја кафе е неизбежна на сите општествени настани. Се пие на веридба, семејни собири и за време на празници.

Сепак, еден од најневеројатните обичаи е kahve fali, или fal, античката уметност на гатање од талог од кафе.

Традицијата потекнува од харемот на султанот Сулејман, бидејќи во тоа време жените не смееле да одат во јавните кафеџилници. Меѓутоа, гатачи (falci), можеле да влезат во харемот и да ги читаат шарите на исцедениот талог од кафе во филџан и на тацна.

Овој ритуал бил начин за ширење информации и озборувања, па се зборувало и кои се миленичките на султанот.

Повеќе од 500 години подоцна, тасеографијата (гатање од талог од кафе) сè уште е широко распространета во Турција.

Гатачите гледаат на кафе во некои традиционални кафулиња, но во меѓувреме оваа вештина е прилагодена и за современото општество. Денес милиони Турци се претплатуваат на апликации за гледање на кафе генерирани од вештачка интелигенција, или на оние кои ги поврзуваат со виртуелни гатачи.

 

Слични содржини