Турски државјанин си ја убил ќерката во Косово

од Milan1
124 прегледи

Маж убил една и тешко повредил друга ќерка со нож утрово во Призрен, Косово. Неговата сопруга исто така беше повредена. Осомничениот е уапсен, објави порталот „KoSSev“.

Во полициското соопштение се наведува дека вработените во Брза помош не можеле да им помогнат на девојките на местото на настанот бидејќи осомничениот бил таму со нож во раката. После тоа, беа испратени четири полициски патроли.

„На лице место е утврдено дека осомничениот М.Г., роден 1981 година, маж, ги избодел своите две ќерки со нож. 15-годишното девојче починало на лице место, а другата е тешко повредена и моментално се наоѓа во КБЦ во Приштина. Таа е во тешка состојба“, се наведува во соопштението за медиумите.

„Осомничениот, исто така, се повредил и е во Регионалната болница во Призрен. Неговата 35-годишна сопруга, исто така, се здобила со повреди“, се додава во соопштението. Станува збор за турски државјани кои имаат одобрен привремен престој во Призрен.

Основното обвинителство во Призрен го окарактеризира овој случај како тешко убиство.

Слични содржини