320
Вчера во 11.30 часот на Граничниот премин „Деве Баир”, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа” (возачка дозвола), бил лишен од слобода A.Ц.(32) од Република Турција, кој управувал товарно возило „рено”, со турски национални ознаки, а при контролата ја доставил на увид возaчката дозвола.
Тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка, информираат од МВР.