Турски државјанин возел камион со фалсификувани документи, фатен на Деве Баир

од Milan1
27 прегледи

Денеска во 01.00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ц.(59) од Република Турција затоа што при извршена пасошка и гранична контрола било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарно возило со полуприколка, кое го управувал, биле фалсификувани, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Слични содржини