Турските власти задржаа руски брод за жито за кој Украина вели дека е украден

од Берта Китинска
193 прегледи

Турските царински власти задржаа руски товарен брод кој превезувал жито за кој Украина вели дека е украден, изјави денеска украинскиот амбасадор во Турција Васил Боднар.

„Целосно соработуваме. Бродот моментално стои на влезот на пристаништето, задржан од турските царински власти“, изјави Боднар на украинската национална телевизија, пренесе Ројтерс.