Турција го осуди руското признавање на отцепените региони на Украина

од Milan1
266 прегледи

Турција денеска го осуди руското признавање на независноста на двата отцепени региони во Источна Украина и го опиша како кршење на меѓународните договори и територијалниот интегритет на Украина, пренесе Ројтерс.

„Одлуката на Русија да ги признае републиките Доњецк и Луганск е отворено кршење не само на договорите од Минск, туку и на политичкото единство, суверенитет и територијален интегритет на Украина. Ние веруваме дека т.н Одлуката на Русија е неприфатлива и ние ја отфрламе“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи, во кое се повикуваат сите земји да го почитуваат меѓународното право.

Турција има добри односи и со Русија и со Украина и понуди да посредува за излез од кризата. Турција ја предупреди Москва да не ја напаѓа Украина, но истовремено се противи на санкциите против Русија.

Слични содржини