Извозот на турска стока во Русија во јуни е зголемен за 46 отсто во однос на истиот месец во 2021 година и 52 отсто во однос на мај, објави денеска Турскиот институт за статистика.
Според објавените податоци, турските компании во јуни заработиле околу 791,4 милиони долари, додека во мај оваа сума изнесувала 518,8 милиони долари, пренесе РИА Новости.