Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ја зголемиле цената на енергијата

од Milan1
17 прегледи

Премиерот на Полска, која до јули претседава со Европската унија, Доналд Туск, денеска по разговорот со еврокомесарите во Гдањск изјави дека во ЕУ не смее да се донесе ниту една одлука која би ја зголемила цената на енергијата, во спротивно конкурентноста на Европа ќе стане обична илузија.

„Сите сме свесни дека нашите активности во заштитата на животната средина и климата не смеат да наметнуваат товар што ќе биде ризичен за европските бизниси и семејства. Не смее да се носат повеќе одлуки во Европа кои би ја зголемиле цената на енергијата. Сите мора да се концентрираме на донесување одлуки чиј непосреден ефект ќе биде да ја поевтини“, рече Туск на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Полскиот премиер истакна дека климатските цели отелотворени во Зелениот договор не се менуваат, бидејќи е јасно дека на планетата и е потребна заштита, но дека тоа не може да биде на штета на граѓаните и економијата.

„Во спротивно, нашата конкурентност ќе биде обична илузија“, рече Туск.

„Ние сме решени, се држиме до нашата цел за климатска неутралност. Но, прашањето е како да стигнеме таму. Треба да бидеме попрагматични и пофлексибилни“, се согласи Урсула фон дер Лајен.

Слични содржини