Туск: Орбан ќе биде виновен за црно сценарио

од Radmila Tasevska
199 прегледи

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека нема план Б за помош на Украина и оцени дека Украина ќе загуби доколку позицијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан биде доминантна во Европа.

– Орбан мора да биде свесен дека ќе биде одговорен за црното сценарио поради неговата игра, изјави Туск пред новинарите по пристигнувањето на самитот на Европскиот совет.

Тој додаде дека Орбан треба да одлучи „дали Унгарија е дел од нашата заедница или не“ и нагласи дека за време на самитот сака да ги убеди своите партнери од ЕУ и Орбан дека се уште е можно „ефикасно да се заштити Украина“.

Тој оцени и дека ЕУ мора да биде поголем оптимист кога е во прашање моќта на нејзините аргументи.

Според Туск, има замор со Орбан во Унијата и порача дека е неопходно да се зајакне единството околу Украина.

– Не можам да ја разберам и прифатам оваа многу чудна и егоистична игра на Орбан, рече Туск и додаде дека можат да му понудат на Орбан да се однесуваат фер кон него, но оцени дека тој не се однесува фер кон другите.

Туск рече дека украинското прашање е од егзистенцијално значење, не само за Полска, „туку и за сите нас“, и оти ставот на Орбан претставува закана за безбедноста, што е „неприфатливо“.

– Затоа мораме да размислуваме за сите можни мерки и сите можни последици во иднина, но можеби не денес, рече Туск.

Слични содржини