Туск: Руски брод од флотата во сенка изврши сомнителни маневри

од Milan1
16 прегледи

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека руски брод од „флотата во сенка“ која е под санкции на ЕУ изведува „сомнителни маневри“ во близина на електричниот кабел што ја поврзува Полска со Шведска.

„Руски брод од „флотата во сенка“ опфатена со санкции изврши сомнителни маневри во близина на електричниот кабел што ја поврзува Полска со Шведска. По ефикасната интервенција на нашата војска, бродот отплови кон едно од руските пристаништа“, објави Туск на платформата X.

Полскиот воен брод Хевелиуш плови кон местото на инцидентот, додаде тој.

Слични содржини