206
Вчера попладне во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле под слобода 22-годишниот Ј.А. од село Селце, тетовско, извести МВР.
– При преглед во возилото „форд фокус“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 2423 парчиња пиротехнички средства. Имено, на автобуската постојка Беловиште тој со возилото не застанал на знак за запирање, но набргу, на автобуска постојка во с.Пршовце бил престигнат и при контрола во возилото биле пронајдени пиротехничките средства, соопшти МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.