121
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 12:25 часот во скопската населба Маџари го лишиле од слобода скопјанецот И.Ш.(24) од Скопје.
Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.