32,4K
Американскиот пејач и актер Џастин Тимберлејк е уапсен поради возење во алкохолизирана состојба на Лонг Ајленд, Њујорк, изјави денеска неименуван судски службеник.
Тимберлејк (43) бил запрен во пристаништето Сег Харбор и бил приведен во понеделникот вечерта.
Тој денеска се очекува да се појави пред судот.
Тимберлејк е на турнеја и има закажано концерти во Њујорк за следните неколку недели, пренесува Танјуг.