Уапсен е главниот уредник на турската опозициска телевизија „Халк ТВ“

од Milan1
8 прегледи

Главниот уредник на турската опозициска телевизија „Халк ТВ“, Суат Токташ, е уапсен под обвинение за обид за влијание врз вештак, неовластено снимање и емитување на разговор, пренесуваат турските медиуми.

Токташ е префрлен во строго обезбеден затвор во Истанбул. Неговиот адвокат изјави дека сведокот не побарал снимениот разговор да не биде емитуван.

Токташ е еден од петтемина новинари кои се уапсени во последните неколку дена.

Останатите четворица, меѓу кои и директорот на вестите на „Халк ТВ“, Серхан Аскер, како и новинарите Седа Селек, Бариш Пехливан и Кјуршад Огус, беа ослободени под судски надзор.

Апсењата следеа откако „Халк ТВ“ емитуваше телефонски разговор помеѓу новинарот Пехливан и вештак, поврзан со истрага за Истанбулската општина.

Турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, изјави дека истрагата против телевизијата била покрената поради „нарушување на тајноста на комуникацијата“.

Слични содржини