244
Вчера во 09.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода Е.Р.(25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик – „тешка кражба”.
Тој бил спроведен во Основен суд Куманово за понатамошна постапка, информираат од МВР.