Полициски службеници од СВР Скопје вчера (29.10.2021) го лишиле од слобода М.М.(19) поради основано сомнение за сторено кривично дело кражба на 13.10.2021 на ул.
Костурски херои врз Д.Д. (43). Извршен е службен разговор и против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 235 од КЗ, а украденото ќе биде вратено на сопственикот, информираат од МВР.