337
На 13.11.2021 година, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради сомнение дека на 11.11.2021 во автобус на подрачјето на Центар одзел личен накит од малолетничка од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото и го појаснил начинот на извршување.
Пронајдените предмети биле вратени на сопственичката. За настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.