Уапсен поранешниот албански претседател Илир Мета

од Milan1
29 прегледи

Илир Мета, претседателот на Партијата на слободата и поранешен претседател на Албанија е уапсен, јавија албанските медиуми. Мета денеска е приведен откако претходно неколку пати се појави на распит во Специјалното обвинителство за случајот ЧЕЗ-ДИА. Се работи за сериозен корупциски скандал во кој е вмешан еден од неговите блиски соработници и измама за наплата на долгот на ЧЕЗ, чешка енергетска компанија која работела во Албанија за време на владата на Сали Бериша.

Илир Мета отпатувал во Чешка со цел лично да преговара за договорот кој бил потпишан во септември 2010 година и ДИА (Debt International Advisory), советодавна компанија регистрирана на Девствените Острови на 7 јули 2010 година била обврзана да го наплати секој долг стар над 90 дена од институциите како и од приватни граѓани кои не ги платиле сметките за енергија.

Истрагите подоцна ќе откријат дека ДИА е фиктивна компанија, иако тврдеше дека има неколку вработени во Тирана и филијали во различни градови низ земјата.

Случајот почна да се истражува во 2015 година кога Илир Мета сè уште беше во сојуз со Еди Рама. Тогаш БИРН објави неколку новинарски извештаи во врска со вмешаноста на Мета во лобирањето за лажен договор во замена за пари. За Мета, неговата вмешаност во скандалот имаше најголемо влијание на неговата политичка траекторија, како и на неговото ментално здравје во последните осум години.

Под финансиска истрага во врска со прашањето за лобирање во САД е и сопругата на Мета, Моника Круемади.

Слични содржини