Уапсен поранешниот фронтмен на „Хладно пиво“ за перење пари

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Уапсен е хрватскиот музичар и поранешен фронтмен на групата „Хладно пиво“, Миле Кекин, објавија локалните медиуми.

По наредба на УСКОК полицијата ја уапсила и неговата сопруга Ивана Кекин, член на Можеме! и пратеник во хрватскиот Сабор и уште неколку лица осомничени за измама со земјиште.

„ПНУСКОК врши апсења и итни доказни дејствија по налог на УСКОК. Споменатите дејствија се спроведуваат во Загреб и во регионот на Истра во врска со повеќе лица за кои постои основано сомневање дека сториле повеќе кривични дела злоупотреба на положбата и овластувањето и перење пари“, соопшти УСКОК.

Овој пар е сопственик на земјиште во населбата Момјан во градот Бује. Против двајцата државното правобранителство неодамна покрена истрага токму за купување на споменатото земјиште.

Го купиле за 20.000 куни (2,654 евра) на конкурс објавен од Град Бује во 2018 година. Од Можеме! за ова и претходно се изјаснија.

„Двојката Кекин ќе ја започне изградбата на куќата во 2019 година, откако подигнала заем од 190 илјади евра, што Ивана Кекин го навела во службената имотна книшка, која е достапна за јавноста од нејзиното влегување во хрватскиот Сабор во 2021 година“, велат тие.

Слични содржини