37 годишен скопјанец се сомничи дека претходно со уште едно женско лице со закани се обидел да одземе пари од 61-годишна жена од Скопје, но не успеал.
На 11.12.2022 во 17.20 часот на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од полициската станица Карпош го лишиле од слобода А.Ј.(37) од Скопје.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.