72
Хакер, кој успеал да проникне во сервери на САД и да предаде информација за американски војници на Исламска држава, бил уапсен во Малезија, соопшти полицијата, јави ДПА.
Осомничениот е 20-годишен странски студент од Косово, уапсен минатиот месец во Куала Лумпур. Тој ќе биде екстрадиран во САД, се вели во изјава на началникот на малезиската полиција генерал Халид абу Бакар.
Студентот пристигнал во Малезија во август минатата година, за да изучува информатика, според друг полициски извор, кој побарал анонимност.
Американското Федерално биро за истрага (ФБИ) дало информација на малезиските колеги за илегалната дејност на граѓанинот на Косово.