Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад на „Крокус сити хол“

Станува збор за Алишер Касимов, руски државјанин роден во Киргистан кој, според медиумите, му изнајмил стан на терористичкиот лидер Шамсидин Фаридуни

од Бети Божиноска
333 прегледи

Руските бесбедносни служби денекс ауапсиле уште еден, осмиот осомничен за учество терористичкиот напад во московската концертна сала „Крокус сити хол“, извести московскиот Басманиски суд, посочувајќи дека уапсениот ќе остане во притвор до 22 мај.

Станува збор за 32-годишниот Алишер Касимов, руски државјанин роден во Киргистан кој, според медиумите, му изнајмил стан на терористичкиот лидер Шамсидин Фаридуни, еден од осомничените обвинет за изведување на терористичкиот напад, кој потоа го претворил станот во база за операцијата.

Касимов, татко на три деца и професионален готвач кој поседува кафуле во градот Красногорск, предградие на Москва, бил уапсен врз основа на доказите собрани и доставени до судот од Рускиот истражен комитет.

Тој инсистира дека немал никакви сознанија за терористичките намери и планови на Фаридуни и дека само му го изнајмил станот откако тој се јавил на објавениот оглас.

Иако на почетокот се веруваше дека водач на терористиќката група што го изведе крвавиот напад е Далерјон Мирзоев, кој е уловен и на морничавото видео од нападот, но подеталната истрага покажа дека вистинскиот лидер е всушност Фаридуни.

Слични содржини