140
Уште еден Србин, поранешен полицаец, е уапсен денес во Северна Митровица, дознава Косово онлајн. Станува збор за Зоран Михајловиќ, а засега не се знае за што се товари Михајловиќ.
Слаѓан Трајковиќ, поранешен припадник на таканаречената косовска полиција, вчера попладне беше уапсен, исто така во Северна Митровица, под обвинение за наводни воени злосторства на Косово.
Пред една недела, таканаречената косовска полиција го уапси поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, на преминот Јариње, под обвинение за наводна терористичка активност, по што Србите од северот на Косово подигнаа барикади и ги блокираа патиштата во неколку места.