Во Белград е уапсена 26-годишна девојка под сомнение дека ја загрозувала безбедноста на претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ.
Соопштено е дека по наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград е уапсено девојката А.0.
Обвинителството соопшти дека Брнабиќ ги известила надлежните институции дека добила заканувачка порака од непознат телефонски број.
После тоа, инспекторите на Полициската управа за град Белград го утврдиле идентитетот на лицето кое ја испратило заканувачката порака.
„На осомничената А.О., и е одредена мерка притвор поради постоење на сомнение дека сторила кривично дело „загрозување на сигурноста“. Осомничената во рок од 48 часа ќе биде сослушана во просториите на Првото основно јавно обвинителство во Белград за околностите на кривичното дело, по што по натамошното кривично гонење ќе биде поднесена одлука по која ќе биде поднесена кривична пријава“, информираат од српското Обвинителство.