УАПСЕНА СНААТА МОНСТРУМ: По расправија со свекрвата извадила нож и ја избодела во главата

од Илинка Илиоска
444 прегледи

Германската државјанка Л.А.А.(39) е уапсена во Ужице под сомнение дека во селото Дубница во општина Сјеница ја убила својата свекрва Б.Л. (66). Снаата ја обвинувала свекрвата за разводот, по жолчната расправија, извадила нож и ја прободела неколку пати во главата и во телото, пренесоа српските медиуми.

Според досегашните информации, осомничената откако го напуштила сопругот, живеела во Босна и Херцеговина, а пред неколку дена дошла во Ужице со уште една девојка која требало да и помогне околу децата кои свекорот ги донел да ги види. Таа тогаш го искористила неговото отсуство од куќата во која живеел со сопругата и заминала во Дубница да се пресмета со поранешната свекрва.

Осомничената дека свекрвата е виновна што морала да ги остави сопругот и децата, зела нож и ја прободела жртвата неколку пати во пределот на главата и телото нанесувајќи и фатални повреди, од кои починала на лице место – вели изворот на Блиц.

По убиството осомничената снаа побегнала.

Кога видела што направила, снаата побегнала од куќата облеана во крв. Таа се криела во околината, мислејќи дека ќе успее да се извлече по убиството. Но, поради брзата акција на локалната полиција, таа била идентификувана, а потоа и уапсена.

На осомничената и е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде на распит во надлежното обвинителство.

Слични содржини