Уапсени четворица скопјани кај кои е пронајдена марихуана

од Radmila Tasevska

Синоќа во 23.45 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Д.Г.(21), Х.М.(20), М.А.(21) и А.П.(19) сите од Скопје, кои биле во патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и во истото била пронајдена и одземена марихуана, а кај А.П. бил пронајден нож на расклопување.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини