Уапсени двајца малолетници во Тетово

од Milan1
203 прегледи

Вчера околу 14.00 часот на ул.„Ѓорче Петров” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, на возраст од 17 години.

При нивен преглед и во нивна непосредна близина им била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од МВР.