Уапсени две лица, кај нив пронајдена марихуана и вага

од Milan1
193 прегледи

Вчера околу 22.30 часот во тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(24) и Е.Р.(29) од гостиварски Добридол, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.