„Вчера 2022 околу 11.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот тетовец Б.Б, во чиј дом, при претрес извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и куршум за ловечко оружје.
Исто така вчера 20.35 часот во парк-шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.К.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Додека на ул.„Рашанец” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(19) од Битола. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 27.01.2022 на ул.„Прилепски бранители” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Д.(48) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја“, информираат од МВР.