Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 23:10 часот на улицата „Самоилова” пронашле марихуана, а во врска со случајот од слобода биле лишени А.С.(33), Д.С.(20) и М.Ј.(21), сите од Скопје.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.