Во страшениот инцидент што се случи утрово во Дарувар, пензионираниот воен полицаец К.П. (51) уби пет лица и рани уште пет во Дом за стари лица. Меѓу убиените е и мајката на напаѓачот, како и жители и вработени во Домот.
По крвавиот поход, напаѓачот седнал во блиско кафуле и нарачал пијачка пред да биде уапсен од полицијата.
Вработен во продавница во Дарувар за Дневник.хр раскажа како двајца вработени во Домот за стари лица налетале во неговата продавница, едниот со повреда на окото, а другиот со куршум во градите.
Му кажале дека во домот дошол маж и пукал со пиштол кон корисниците и вработените.
Вработената во продавницата веднаш повикала брза помош, но и полиција, бидејќи повредениот го препознал убиецот и го видел како влегува во блиското кафуле. Се јавив и во полиција и им кажав каде е убиецот. Тој наводно седнал и нарачал пијачка, а пиштолот го ставил на масата“, изјавил вработен во продавница за Дневник.хр.
Премиерот Андреј Пленковиќ изрази згрозеност од убиството, велејќи: „Згрозени сме од убиството на пет лица во Домот за стари лица во Дарувар. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и надеж за оздравување на ранетите. Очекувам надлежните органи да ги утврдат сите околности на страшното злосторство.“
Zgroženi smo ubojstvom petero osoba u Domu za starije u Daruvaru. Izražavamo sućut obiteljima stradalih i nadamo se oporavku ranjenih. Očekujem da nadležna tijela utvrde sve okolnosti strašnog zločina.Ministri Božinović, Beroš i Piletić uputit će se u Daruvar i bolnicu u Pakracu.
— Andrej Plenković (@AndrejPlenkovic) July 22, 2024
Во Дарувар се упатија министрите Божиновиќ, Берош и Пилетиќ за да помогнат во решавањето на ситуацијата.
Градоначалникот на Дарувар, Дамир Леничек, за Н1 изјави дека сите се шокирани од убиството. „Која е причината, тешко е да се каже, тоа ќе го утврди истрагата,“ изјави Леничек, додавајќи дека трагедијата се случила во приватен дом во кој се сместени 20-ина стари лица. Тој нагласи дека напаѓачот е уапсен и дека Дарувар е мирен град каде вакви настани се незамисливи.
Бјеловар-Билогорската полиција информираше дека пријавата за инцидентот ја добиле во 10.10 часот, а дека лицето поврзано со кривичното дело е под надзор на полицијата. На местото на инцидентот е присутен заменик на жупаниското државно правобранителство во Бјеловар кој го води увидот.
Според информации од МојПортал, меѓу загинатите има и згрижувач од Домот. Кога вработените во итната помош пристигнале на местото на злосторството, пронашле четири мртви и четири ранети лица кои веднаш биле пренесени во болници. Три лица итно се пренесени во болницата во Пакрац, а едно лице во Вировитица. Има и лица со полесни повреди.
Граѓаните на Дарувар се во шок и неверување поради трагедијата. Градот објави сочувство до семејствата на починатите и апелираше за мир и трпение додека истрагата продолжува.