Убиен 22-годишниот рапер Стајлс, разбојник се обидел да му го украде синџирот

од Milan1
27 прегледи

Убиството на Мајкл Робинсон, попознат на социјалните мрежи како Ралан Стајлс, се случи во Колумбус, Охајо, кога разбојник се обиде да му го украде синџирот на улица. Очевидци тврдат дека кога раперот одбил да го предаде ланецот, човекот отворил оган.

Медицинските работници кои веднаш дошле на местото на настанот се обиделе да му дадат реанимација, но немало начин да го спасат Стајлс и била констатирана смрт на местото на настанот.

Напаѓачот Махмуд Хасан бил фатен малку подоцна и обвинет за убиство на 22-годишниот. Хасан (24) и е познат на полицијата по насилни кражби..

 

Слични содржини