Убиени 137 Украинци, жртви на напади од двете страни

од Milan1
273 прегледи

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека, според прелиминарните информации, во руските напади во четвртокот загинале 137 украински државјани, меѓу кои 10 офицери.

„Повредени се 316 лица“, рече Зеленски во телевизиско обраќање до граѓаните, а пренесе „Украинска правда“..

ДНР и ЛНР тврдат дека украинските напади врз цивили се зачестени и дека има жртви. Во градот Горловка, при украинско гранатирање, на училиште загинаа двајца наставници, еден цивил е ранет во градот Доњецк, додека во Луганск се регистрирани 33 напади на 10 населени места, соопштија властите на самопрогласените републики во источниот дел на земјата.

Во соопштението на Народната милиција на ДНР се прецизира и дека едно лице е рането во гранатирањето во киевската област Доњецк и дека е пренесено во болница во тешка состојба, пренесува „ТАС С“.

За нападите на украинската армија врз овој регион денеска известуваат и властите на Луганската Народна Република.

„Вооружените сили на Украина извршија 33 гранатирачки напади на 10 населени места во Луганската Народна Република (ЛПР) во изминатите 24 часа“, соопшти денеска мисијата на ЛНР при Заедничкиот центар за контрола и координација (ЗЦКК), пренесува Танјуг.

Слични содржини