Убиени 18 лица во џамија во терористички напад

од Milan1
312 прегледи

Вооружени напаѓачи на мотоцикли убиле најмалку 18 лица во џамија во северниот нигериски град Мајдугури околу 5 часот по локално време.

Според очевидци, тие пукале во верниците без да поштедат никого. Полицијата соопшти дека десетина луѓе биле киднапирани, а најмалку 20 се повредени.

Вооружени разбојници оваа година киднапираа или убија стотици ширум северозападна Нигерија, а државните власти за тоа ја обвинија исламистичката милитантна група Боко Харам.

Слични содржини