Убиени 35 лица во Газа, Израел издаде нови наредби за евакуација

од Milan1
8 прегледи

– Израелските сили денеска издадоа нови наредби за евакуација на северот на Појасот Газа, додека според проценките на палестинските здравствени работници и медиумите во воените напади од понеделникот вечерта загинаа најмалку 35 лица.

Во воздушен напад во понеделникот вечерта беа оштетени две куќи во градот Беит Лахија во северниот дел на Газа, при што загинаа најмалку 20 лица, објавија денеска официјалната палестинска новинска агенција „ВАФА“ и медиумите под контрола на Хамас.

Здравствените власти соопштија дека 10 лица биле убиени во централните области на палестинската енклава, шест во одделни воздушни напади врз градот Газа и градот Деир ал Бала и четворица во градот Ал Заваида, додека уште најмалку пет биле убиени во израелски напад врз куќа во Џабалија, северно од градот Газа.

Слични содржини