Убиени двајца германски полицајци (ВИДЕО)

од Milan1
326 прегледи

Двајца германски полицајци се убиени рано утринава за време на рутинска сообраќајна контрола, соопшти полицијата во југозападна Германија.

Полицијата трага по осомничените кои побегнале од местото на настанот, се вели во соопштението на полицијата на Рајнланд-Пфалц, пренесува Ројтерс.

Од полицијата наведуваат дека не е јасно во кој правец побегнале осомничените, како и дека немаат опис на осомничените и возилото користено во бегството.