Убиени сите украински војници на змискиот остров (ВИДЕО)

од Milan1
483 прегледи

Секој војник кој го чувал Змискиот остров на Црното Море загинал, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека постхумно ќе им оддаде почит на загинатите.

Тој исто така рече дека 137 украински граѓани, војници и цивили загинале на првиот ден од рускиот напад. Повредени се најмалку 316 лица.

Во врска со Змискиот остров, објавена е и радио комуникација меѓу командантите на руските и украинските сили.

На снимката најпрво се слуша припадник на руската армија:

„Се јавувам од руски воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето, да се предадете и на тој начин да избегнете крвопролевање и непотребни жртви. Ако не се согласувате, ќе ве бомбардираме“, се слуша.

Украинците на тоа одговараат со пцовка.

Слични содржини