Продолжен е рокот за поднесување на барања за финансиска помош за два дена, поточно до 12. ноември, информираше УЈП.
Продолжувањето следува на подоцнежната објава на Правилникот за формата и создржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност.во Службен весник.
Инаку вообичаено, барањата се поднесуваат до 10. во месецот за изминатиот месец.
„Овие правилници се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП“, посочија од УЈП.
Исто така, како што вели УЈП дошло и до преоптоварување на системот, бидејќи биле масовно поднесувани барањата веднаш по објавувањето на обрасците на веб страницата на управата.
За потсетување, оваа помош е предвидена со четвртиот сет економски мерки кои ги донесе Владата, која им овозможува на компаниите кои се погодени од ковид кризара, да добијат финансиска поддршка за исплата на плати за октомври, ноември и декември 2020. година, како и финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност.