21
Конвој од повеќе од 100 камиони со хуманитарна помош на ОН што превезувал храна бил насилно ограбен во Газа во саботата, соопшти агенцијата на ОН за палестински бегалци, објавија светските медиуми.
Ограбени се 98 од вкупно 109 камиони со храна.
– Дел од персоналот што доставува хуманитарна помош се повредени за време на инцидентот, рече Луиз Вотериџ од УНРВА, без да каже кој ја извршил заседата.
Портпаролот на Светската програма за храна ја потврди кражбата и додаде дека многу патишта во Газа моментално се непроодни од безбедносни причини.