Руските сили депортирале речиси 40.000 луѓе од Мариупол во Русија или во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), според градоначалникот на градот, Вадим Бојченко.
„Веќе ги проверивме списоците на депортираните од Мариупол во Русија или т.н. „ДНР“. Речиси 40.000 луѓе. Сега почнаа да ги кријат овие списоци. За жал, во моментов не можеме да провериме сè, но продолжуваме да работиме“, рече Бојченко на прес-конференција, пренесува Си-Ен-Ен.
Руската армија „го носи локалното население на периферијата на Русија, Далечниот Исток или Сибир и таму ги користи за различни цели“, тврди Бојченко.