Украина бара финансиска помош од 50 милијарди долари од Г7

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Украина ќе побара од земјите од Г7 финансиска помош од 50 милијарди долари, а размислува и за издавање на непрофитни обврзници со цел да го покрие буџетскиот дефицит предизвикан од војната во следните шест месеци, изјави Олех Устенко, економски советник на украинскиот претседател.

Во говорот на националната телевизија, Устенко рече дека овие опции активно се разгледуваат, пренесе Ројтерс.