Украина го нападна регионот Кинбурн кој е под руска контрола

од Milan1
168 прегледи

Украинските специјални сили денеска го нападнаа регионот Кинбурн кој е окупирана од Русија во Црното Море, објавија британските медиуми, повикувајќи се на информации од украинското воено разузнавање.

Украинските сили соопштија дека уништиле шест руски оклопни возила, при што загинале околу 30 војници.

На каналот на украинското разузнавање на „Телеграм“ , цитиран од украинските медиуми, се прецизира дека во слетувањето учествувале воени лица од четири дивизии, во соработка со поморските сили и другите делови на украинската армија.

Руските трупи го зазедоа регионот Кинбурн, кој се пробива во Црното Море, во Миколаевската област во јужна Украина, на почетокот на целосната инвазија во февруари 2022 година.