Украина гори, но животот продолжува: Бебе се роди во засолниште во Киев (ФОТО)

од Nikola Popovski
209 прегледи

Русија пред два дена ја нападна Украина, а во Киев од 4.30 часот вчера по локално време одекнуваат експлозии. Сепак животот продолжува…

Имено, според објавите на социјалните мрежи, во засолниште во подземната метро станица во Киев се родило бебе.

Новородените бебиња во источниот украински град Днипро се префрлени во импровизирани скривници во локалната болница додека руските сили ја напаѓаат Украина.

Десетина бебиња кои биле задржани на одделот за новороденчиња, брзо биле префрлени во подрумот на болницата лоцирана во источниот дел на земјата.